Oсновните училишта „Орхан Џемаили” и „Јосип Броз Тито” дел од проекот за Меѓуетничка интеграција и Граѓански активизам

- Локални
943

Учениците од OOУ „Јосип Броз Тито”  во соработка со учениците од партнер училиштето ООУ “Орхан Џемаили” с.Татеши, учествуваа на ликовната работилница “Изработка на новогодишни честитки” како дел од проектот Меѓуетничка интеграција на младите во образование,со финансиска поддршка од Општина Струга.

Целта на Проектот на УСАИД и МЦГО, за меѓуетничка интеграција на младите во образованието е подобрување на меѓуетничката интеграција преку овозможување на позитивни интеракции меѓу младите луѓе од различно етничко потекло на ниво на училиште и на ниво на заедница и негување на демократски и граѓански вредности и однесувања.

Strugaonline

Facebook Коментари