Осум лица во Струга казнети поради возење под дејство на алкохол

- Локални
377

На 3-ти и 4-ти септември 2022 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници санкционирале 23 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид 7, Струга 8, Кичево 7 и Дебар 1). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари