Отворен ден на млади утре во Струга

- Локални
730

Утре во просториите на Центарот на заедницата на Општина Струга во 14:00 часот ќе се одржи средба со членовите на Комисијата за млади при Советот на Општина Струга.

 Средбата е отворена за сите млади, граѓани, медиуми и сите заинтересирани со цел директно да се постават прашања и да се продискутира за учество на младите во јавниот и политичкиот живот во единиците на локалната самоуправа, кои се најголемите проблеми и потреби, и која според нив треба да е улогата и начинот на работа на Комисијата за млади.

Strugaonline

Facebook Коментари