Хуманитарен настан за Сара во Струга!

- Забава, Локални
1138

Во организација на Play radio 90.4 FM и Балетското студио „БАX“, во среда, 31.10.2018, во „Центарот за култура Браќа Миладиновци“-Струга ќе се одржи куманитарен концерт за Сара. Да му помогнеме на ова 15-годишно девојче од Охрид  среќно и во добро здравје да ги доживее убавините што ги носи животот. На концертот ќе настапат: „Студио за танц БАX“, „Балкан џем“, КУД „Илинден“, Анита Мицова и Каролина и Оли. Освен музичкиот дел, за Сара со своја изложба ќе се претстават: Кристина Затуроска со свои фотографии, Билјана Тодороска  со своите уникатни рачни изработки и Farina’s Handmade.

Добрите намери и хуманите вредности ќе ги зачиниме со музика и уметност, вие само треба да дојдете и да ја покажете својата хуманост.

Настанот ќе започне во 19:00 часот, а влезниците чинат 100 денари.

Извор: Play radio/Strugaonline

Facebook Коментари