Отворен е повикот за учество на Планинарcкиот марш „Црн Камен 2018“

- Локални
929

Во недела (24.06) ќе се одржи планинарски марш „Црн Камен 2018“ до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен (2258 м.н.м.в).  Активностите ќе започнат на 23-ти јуни во 18:00 часот со планинарска забава, а таа ноќ ќе се спие во шатори.

Според планираната програма, во недела наутро групите ќе се соберат во 08:00 часот во Горна Белица и ќе тргнат кон целта. Пристигнувањето на врвот и собирањето на сите планинари е планирано за во 11:00 часот.

Час подоцна, учесниците во маршот од врвот ќе тргнат кон  вевчанската локва, а потоа ќе се вратат во Горна Белица. Според планираната рута, во Горна Белица ќе стигнат во 15:00 часот, каде ќе ручаат во Планинаркста куќа, а за во 16:00 часот е  предвиден одмор и планинарско дружење.
„Пријавувањето се врши најдоцна до 22.06.2018 година (петок) – на тел. 078/478-065 (Андреј) и 078/217-597 (Димитри) или на e-mail: [email protected] и на Facebook страната www.fb.com/ZakamenPED.
Задолжителна е пријава за учество со број на членови.  Доставување на пријавите се врши на горенаведената меил адреса. Секој учесник на овој настан со пополнување на горе наведените податоци, под полна одговорност, потврдува дека ја прифаќа програмата на ПЕД „ЗАКАМЕН“ за манифестацијата „Црн Камен 2018“, дека ќе се придржува до истата, е здрав, ја носи потребната планинарска опрема, осигуран е од несреќен случај и е во добра психофизичка состојба за ваков вид на планинарење! “ – стои во соопштението на организаторите.

Доколку некој од учесниците не е подготвен спрема препораките, можно е да добие препорака да не учествува во маршот, во спротивно самостојно одговара за секоја настаната состојба поврзана со неговото учество. Сите учесници кои сметаат дека имаат добра кондициска спремност и се издвојат од групата, самите ги сносат последиците од евентуалните повреди и останати здравствени проблеми. – стои меѓудругото во соопштението, а сите услови и препораки за учество на овој марш можете да ги најдете на Facebook страницата на Планинарското друштво „Закамен“ – Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари