Поддржан текстот на законот за пензионерско организирање во ЗП Струга

- Локални
1227

ИО на Здружението на пензионери од Струга на својата последна редовна седница покрај другите точки од дневниот ред ,ги разгледа сите извештаи и забелешки,како и препораките од 14 –те месни разграноци ,четири од градот и десет од руралните средини.

Пензионерите од ограноците беа информирани за извештаите за работата на органите и комисиите и за програмските задачи за оваа година.Посебно беа запознаени со иницијалниот текст на Законот за пензионерско организирање во Македонија,како и за новиот проект на СЗПМ,која 2018 година ја прогласи година на инклузија за стари лица.

Претседателот на Собранието и на ИО Милорад Трпоски,се задржа на донесувањето на Законот за пензионерско организирање,како посебен закон за решавање на прашањата кои се од значење за пензионерите кои се здружуваат во здруженија и сојузи како организациони облици кои имаат големо значење за заштита и унапредување на пензионерскиот живот.Овој посебен закон би решил повеќе прашања од организационен и суштински карактер.Како за пример го зеде членот  5  од Предлог законот за пензионерско организирање кој гласи:„ На подрачјето на општина може да се организира само едно здружение на корисници на старосна,семејна и инвалидска пензија и едно здружение на корисници на инвалидска пензија и едно здружение на Националниот сојуз на инвалидите на трудот на Република Македонија,во кој покрај инвалидни лица може да членуваат и корисници на инвалидска пензија“.

Овој закон кој едногласно беше прифатен,а се истакна дека е во согласност со Уставот и законот на здруженијата.Основните принципи се територијален принцип-подрачје каде што делува здружението-општината,не партиско дејствување,јавност и транспарентност.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари