Отворена средба на младите со креатори на политки – ”Демократско учество на младите во креирање на можности и политики за вработување”

- Локални
183

На 2-ри ноември во Младинскиот центар Охрид се одржа настан ”Демократско учество на младите во креирање на можности и политики за вработување” во рамки на проектот NEUEYT,  организиран од Порака Нова – Струга како еден од партнерите во проектот.

На овој настан младите имаа можност да се сретнат со креатори на политики и да имаат отворена дискусија на теми кои се важни за нив, со фокус на младинско вработување, младинско учество во демократските процеси и кои можности им се достапни.

На настанот присуствуваа 66 учесници, од кои претставник од АВРМ, преставник од општина Охрид и еден претставник од Локалната агенција за развој, професори, младински работници и соработници од други невладини организации, а со значителен интерес беше проследен и од младите кои дојдоа во голем број со цел на отворена дискусија да ги искажат своите ставови и потреби. Најпрвин беше одржана презентација за проектот и иницијативите кои се имплементираат на локално ниво од Порака Нова, потоа претставникот од АВРМ имаше можност да зборува за младинската гаранција и на крај преку игра на улоги се одржа отворена дискусија за демократското учество на младите во креирање на можности и политики за вработивање, колку тие се активни на ова поле, каков тип на алатки и програми им се потребни за да се зголеми нивната вклученост во демократските процеси и слично.

Во рамки на проектот ќе следат уште неколку настани од овој тип со цел да се овозможи отворен подиум каде младите ќе имаат средби со креаторите на политки со цел да се чуе нивниот глас, да се мотивираат да бидат повее активни и да се подобруваат младинските политки.

 

 

 

Facebook Коментари