ОУ ,,Браќа Миладиновци“- Струга се затвора, заразени се девет вработени лица

- Локални
874

Основното училиште „Браќа Миладиновци” во Струга од денеска е затворено поради деветмина вработени позитивни на Ковид-19, информираше за Strugaonline директорката на училиштето , Г-ѓа Лаура Шате.

Станува збор за четворица наставници и пет лица од техничкиот персонал на училиштето.

Вкупно 420 ученици од прво до трето одделение кои досега следеа настава со физичко присуство во следниве две недели ќе учат online.

,,Оваа одлука ја донесовме во координација со Општина Струга и Министерството за образование и наука. Нема заболени ученици но мора да бидеме претпазливи за да не продолжи ширењето на заразата. Затоа е одлучено во следните две недели да нема настава со физичко присуство..-изјави Шате за Strugaonline.

Директорката додаде дека од деветмината заболени четворица се во болница, а останатите пет лица се на домашно лекување.

Што се однесува до наставата, директорката информираше дека состојбата ќе се следи и врз основа на истата ќе биде донесена одлука како ќе продолжи наставата после 14 дена.

Во основното училиште „Браќа Миладиновци” учат  вкупно 1.180 ученици на македонски, албански и турски јазик.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари