Мобилниот тим на Црвен-крст Струга им нуди помош на граѓаните од ранливи категории

- Локални
695

Црвен крст-Струга информира дека нивниот мобилен тим работи на помош на стари лица , изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болни лица , семејства во кои има лице со посебни потреби , самохрани родители и други ранливи категории. Мобилниот тим врши набавка на лекови, прехрамбени производи и средства за лична хигиена. Оваа услуга е достапна секој работен ден во период од 8:30 до 12:30 часот. Сите граѓани кои имаат потреба од вакви услуги треба да се обратат на телефон 071 398-424. Црвен крст-Стрга нуди и психолошка поддршка во период од 17:00 до 19:00 часот. Граѓаните кои имаат потреба од психолошка поддршка треба да се јават на телефонскиот број 078 844 061.

Strugaonline

Facebook Коментари