Пациенти со КОВИД 19 од Струга, Охрид и Вевчани ќе се лекуваат во новиот објект на Охридската општа болница

- Локални
3157

Во просториите на Општина Охрид се одржа состанок со цел формирање на Регионалното координативно тело за управување со состојбата предизвикана од КОВИД 19.

 

На состанокот присуствуваше градоначалникот на Oпштина Охрид,, Константин Георгиевски, шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Струга , Дашмир Насуфи, заменик министерот за здравство , Арменд Арслани, претставници од општина Вевчани и директорите на сите здравствени установи во регионот на Струга, Вевчани и Охрид.

На состанокот беше одлучено новиот објект на Охридската општа болница да се користи за лекување на лица позитивни на КОВИД 19, односно да се лекуваат лицата кои покажуваат лесни или благи симптоми, додека посериозните случаи да се лекуваат во Скопје. Воедно беше побарано од сите здравствени установи да бидат во координација, со цел да се олесни лекувањето на пациенти позитивни на КОВИД 19.

Покрај тоа, беше побарано да се обезбеди регионален пристап Струга-Охрид за лицата за кои постои сомневање дека се позитивни и да се овозможи тестирање за сите лица со индикации или симптоми, особено ако станува збор за лица кои доаѓаат од места каде има случаи од КОВИД 19.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари