Патувачкиот читачки клуб на Europe House, оваа сабота доаѓа во Паркот на поезијата во Струга.
Oд Јуроп Хаус Струга информираат дека заедно со Александар Маџаровски –Читачот на настанот ќе бидат отворени многу прашања со посебен осврт на суштинските разлики меѓу поезијата и прозата и уникатната можност за израз што секоја од нив ја нуди.

-Сите љубители на книгите, ве покануваме да се вклучите во Europe House Skopje ‘s Book Club, и ве предизвикуваме да размислите:Дали поезијата денес е затворена со себерефлексија и го има заборавено раскажувачкиот елемент кој ѝ бил својствен во поголемиот дел од нејзината историја? Зошто се чини дека денес прозата, конкретно романот, е доминантна книжевна форма, а поезијата е читана од многу помал круг на луѓе?-стои во соопштението од Јуроп Хаус-Струга.
Оттаму додаваат дека сите заинтересирани своето присуство треба да го најават во порака на социјалната мрежа Фејсбук.
Почетокот е закажан за 15:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари