Пензионерите -спортисти на прием кај претседателот на здружението Милорад Трпоски

- Локални
195

Струшките пензионери –спортисти  учесници на 25-тите Републички спортски натпревари кои се одржаа во Велес, испишаа историја.

Се натпреваруваа во четири дисциплини меѓу силната конкуренција на 32 здруженија на пензионери од републикава,освоија две први места во слободно фрлање на кош-жени и мажи и се вратија со златни медали за освоени први места и едно трето место во шутирање на пенали на мали голчиња –жени,кои беа закитени со бронзени медали.

По тој повод и по повод одбележувањето на 75 години од пензионерското организирање во републикава и Струга, претседателот Милорад Трпоски им приреди прием и на нивните тренери за машките екипи Иван Хаџиески,врвен спортист од Струга и професорката по физичко воспитување Југа Велјаноска, која беше тренер на женските екипи, за нивното светло прикажување на овогодишните натпревари.

Претседателот Трпоски, кој лично и поединечно им се заблагодари со стискање на рака за вложениот труд, кои двапати неделно тренираа за време на припремите за регионалните и републичките пензионерски спортски натпревари кои се одржаа во Кичево и Велес.Тој им посака долг и здрав живот  и многу години да се натпреваруваат и носта победи за себе и за Здружението исто така Трпоски рече ,со одлука на Извршниот одбор спортистите ќе бидат и симболично наградени.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари