ЗП Струга и Активот на пензионерките при здружението, во чест на 8-ми ноември, Денот на ослободувањето на градот Струга и одбележувањето на 75 години од слободна Струга, во хотелот „Бисер“во Струшко Калишта, заедно со над 300 пензионери од десетина здруженија се дружеа, ги обновуваа поранешните пријателства, играа и пееа македонски, албански, влашки, српски и ромски песни.
Оваа традиционална прослава која во Струга се одржува по четврти пат,прерасна во мултиетничка средба.На неа учествуваа над триста пензионери од здруженијата:Струга, Охрид и Дебарца, Дебар и Центар Жупа, Тетово, Ресен, Демир Хисар, Битола и Здружението на лица со инвалидитет од Охрид.
Според утврдената програма на ЗП Струга, делегациите положија букети свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата на градскиот плоштат во Струга, а беа посетени и многубројни значајни знаменитости: Спомен домот на Браќата Миладиновци, каде што е седиштето на СВП, Галеријата Ванѓел Коџоман, Природно-научниот Музеј Д-р „Никола Незлобински“,црквата Св.Ѓорѓија, манастирскиот коплекс во чии рамки доминантно место зазема пештерската црква посветена на Света Богородица, каде што за спомен се направија незаборавни фотограии, пензионерите кои ја разгледаа црквата СВ.Богородица,запалија свеќи за здравје, а од галеријата на сувенири купија по некој сувенир за спомен од овој крај,потоа заминаа на ручек и заедничко дружење во прекрасниот ресторан на хотелот „Бисер“.
На средбата, пензионерите и присутните ги поздрави претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски, кој меѓу другото истакна дека Активот на пензионерките предводен од Елисавета Лазареска е многу активен во својата работа и има целосна поддршка во неговите активности од органите на здружението. Претседателот Трпоски на присутните им ги пренесе поздравите од претседателката на СЗПМ Станка Трајкова и заложбите на Сојузот за подобар стандарт на пензионерите и подобрување на меѓугенерациската соработка, активно стареење и соживот.
На веселата атмосфера и немаша крај со прекрасната ресторанска музика на „Романтик Бенд“. На крај, пензионерите си посакаа мноу здравје и долг живот и догледање до година.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Facebook Коментари