Пензионерките од Струга и Ресен заедно го прославија 8-ми март

Здруженијата на пензионери од Струга и Ресен по повод Меѓународниот ден на женaта на пензионерките од двете здруженија и оваа година им овозможија во весела атмосфера да го одбележат и прослават осми март, во ресторанот на хотелот „Бисер“ кај манастирскиот коплекс Калишта во близина на Струга.
Кон шеесетте пензионеки од Струга во забавата се вклучи ЗП од Ресен со над сто пензионерки.
Во име на претседателот Милорад Трпоски на Здружението од Струга, како и во име на претседателката на Активот на пензионерки Елисавета Лазареска,честитки до дамите од третата доба посакувајќи им добро здравје,долг живот,среќа и активни пензионерски денови и повторни средби во наредните години, упати потпретседателката на Активот на пензионерки од Струга, Павлина Кузманоска.
Во прекрасниот амбиент и доброто расположение,придружени со веселите звуци на групата „Три Браво“од Струга, пензионерките поминаа уште еден незаборавен 8-мо мартовски ден.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
StrugaOnline

