Време-Облачно и свежо, во источните делови врнежи до дожд

- Македонија
362

Денеска ќе преовладува претежно облачно и свежо време, во источните делови со врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 12 степени. Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари