Денеска се навршуваат петнаесет години од потонувањето на бродот „Илинден“, несреќа во која загинаа 15 туристи од Бугарија.
Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година, во 10:33 часот, кога на околу 200 метри од брегот на езерото кај автокампот „Елешец“ се преврте и потона туристичкиот брод „Илинден“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од Бугарија, кои патуваа на излет во Свети Наум.
Во 2020 година беше изработено и поставено ново спомен обележје во чест на загинатите бугарски туристи кое се наоѓа веднаш до пешачката патека, после мостот.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари