Лев банер Десен банер

Пицерија ,,Ангела“ слави дваесет и четири години постоење

Веќе 24 години, Пицерија „Ангела“ е едно од омилените гастрономски места во Струга, препознатливо по вкусните пици, богатата понуда на специјалитети и посветеноста на врвниот квалитет.

Долгогодишната традиција е изградена благодарение на искусните мајстори во кујната, внимателно одбраните состојки и професионалниот персонал, кој секојдневно се грижи гостите да уживаат во пријатен амбиент и беспрекорна услуга.

Довербата што со години ја добива од своите посетители е најголемата потврда за успешната приказна на „Ангела“, која годинава слави 24 години постоење.

Од тимот на Пицерија „Ангела“ порачуваат дека и во иднина ќе останат доследни на препознатливиот квалитет и автентичниот вкус што ги освојува сите генерации.

Пицерија „Ангела“ – 24 години традиција, квалитет и вкус во срцето на Струга.

StrugaOnline

error: