Лев банер Десен банер

(ВИДЕО) „Понеделнички“ е новата музичка приказна на Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов

Македонската музичка сцена доби ново музичко остварување. Песната „Понеделнички“, која пристигна порано од најавеното, го обединува младиот пејач Дарко Гроздановски и легендарниот Игор Џамбазов во проект што авторите го опишуваат како повеќе од песна и видеоспот – вистинско парче уметност.

По тригодишна пауза без авторски материјал, Гроздановски повторно се враќа пред публиката, овојпат со композиција чиј автор е Игор Џамбазов, еден од најпрепознатливите македонски музички автори.

Зад реализацијата на проектот стои продукцијата „Fresh Union“, предводена од Васко Павлевски, кој го собрал тимот што работеше на песната и видеото. За аудио продукцијата бил задолжен Мите Димовски, додека режијата и визуелниот концепт ги потпишува Огнен Шапковски.

Во видеоспотот се појавува и моделот Моника Црнокрак, која ја игра улогата на шанкерка во која се вљубува ликот што го толкува Дарко Гроздановски. Заплетот кулминира со конфликт меѓу неговиот лик и ликот на газдата на локалот, кого го игра Игор Џамбазов.

„Понеделнички“ претставува спој на младоста и искуството, но и резултат на заедничката енергија, посветеност и желба да се создаде проект што ќе остави впечаток кај публиката.

„Сакам сите денови да се понеделници“, напиша Џамбазов, а ја отпеа Гроздановски – испраќајќи порака дека добрата музика не е резервирана само за еден ден во неделата.


StrugaOnline

error: