Писателот Петко Шипинкароски од Македонија (Струга) , Бапкен Симоњан од Ерменија, Елка Њагалова од Бугарија и Срѓан Малашевиќ од Србија се добитници на престижното книжевно признание „Аполон“ . Наградата се состои од диплома и биста на Богот Аполон.
На споменатите автори, признанијата им ги врачи градоначалникот на Сремска Митровица Томислав Јанковиќ . Јанковиќ изрази големо задоволство за изборот што го направи комисијата предводена од писателот Недељко Терзиќ. На свеченоста беа направени портрети на добитниците на наградата „Аполон“ и истите читаа од своето творештво.
Добитниците на оваа награда се прогласени за почесни граѓани на градот Сирмиум.
Strugaonline
Facebook Коментари