Планинарското друштво ,,Закамен“-Струга обезбеди дозвола за движење во шума за планинарскиот марш во недела

- Локални
287
Планинарското друштво ,,Закамен“ – Струга информира дека а за планинарскиот марш кој ќе се одржи на ден 26.06.2022 (недела), ПЕД „Закамен“ Струга обезбеди дозвола за движење во шума за учесниците на маршот.
,,Ве молиме навремено и најдоцна до 08:00 часот да пристигнете во с. Горна Белица со цел движењето да се одвива во група која ќе ги опфаќа сите учесници. Групата ќе биде предводена од водич на ПЕД „Закамен“ означен со зелен маркер, како и водич на крајот од групата означен со маркер. Сите останати лица кои се одвоиле од оваа група и своеволно тргнале кон искачување, се изземени од дозволата за движење во планина и самите ги сносат последиците и одговорноста од таквото однесување.,, -информираат од ,,Закамен“.
Организаторот го задржува правото пред почетокот на маршот да ги побара вашите лични податоци, како би можел да има евиденција кои лица се опфатени во планинарската група. Со оглед на топлото време и препораките, учесниците се замолуваат да не користат опрема и предмети од кои би можел да настане пожар во шумското подрачје.
Сите планинарски клубови и поединци кои сакаат да земат учество треба да ни испратат листа со име и презиме на планинарите кои ќе учествуваат на планинарскиот марш (на Фејсбук страната на ПЕД „Закамен“), за да можат да бидат вметнати во годинашната програма и евиденција, потенцираат од ПЕД Закамен.
Strugaonline

Facebook Коментари