Планинската спасителна служба извлече повреден турист од Холандија во околината на селото Елшани

- Локални
235

Планинарска спасителна служба, вчера, во периодот од 13:40 до 15:00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид.

– Извршено е извлекување на повредено лице – турист од Холандија, од околината на селото Елшани, кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи.

Од почетокот на 2024 година, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид имала 18 интервенции, информира раководителот Антонио Додевски.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари