По повод денот на независноста, објектите на Завод и Музеј Охрид ќе бидат отворени за сите граѓани без надоместок
По повод државниот празник 8 септември – Денот на независноста на Македонија, (недела), НУ Завод и Музеј Охрид се приклучува со своја програма.

По повод 32 години од независноста под слоган 8-ми Септември – Гласник на слободата, музеите, локалитетите и галериите ќе бидат отворени за сите граѓани без надоместок. Музејските објекти Куќата на Робевци, Галеријата на Икони и Залив на Коските ќе бидат отворени без надоместок за сите граѓани.
Истовремено на 8-ми септември (недела) во 18 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена самостојна изложба од авторот Боро Митрески Минта со наслов„33 ХРИСТОС ЖИВОТ ЗА СПАС НА ЧОВЕШТВОТО“, во која се изработени 33 сребрени микроекспонати (годините на Христос), во периодот од 08.09.2024 година до 14.09.2024 година.
StrugaOnline

