Под слоганот ,,Раздрими се“, ИНКА започна со реализација на годинешната програма

- Локални
298
Водејќи се од слоганот ,,Раздрими се“ , Иницијативата за независен културен активизам ИНКА ја започна годишната програма со водена партиципативна работилница со членовите при детското драмско студио Драма КидЗ, во Охрид.
,,Оваа работилница е дел од караванот ,,Биди со природата“ каде дуото од нашиот колектив Кристина Тодороска Петреска – драматург и Горан Ристовски- графичар ќе прибираат визуелни и текстуални материјали од терен околу Охридското Езеро и планината Јабланица со цел да ја документираат фактичката состојба и да поведат дијалог со жителите на  УНЕСКО регионот, создавајќи на тој начин колективно дело, што поканува на свесно бидување со животната средина и грижа за истата.“-информираат од ИНКА.
Годишната програма на ИНКА, во фокусот повторно ја има заедницата и јавноста, поканувајќи #ДаСeБидеСо  локалниот контекст, #ДаСеБиде во жариштето на случувањето.
,,Во својата јубилејна 10та година ИНКА преку ,,Раздрими се“  ќе оствари партнерска соработка со неколку значајни институции од областа на културата, а во програмата се предвидени интердисциплинарни пристапи, преку кои се овозможува непосредно учество на обичниот граѓанин во културно уметничките проникнувања, со една повисока цел – активно граѓански учество за каузи од интерес на заедницата. “-информираат од ИНКА.
Програмата е поддржана од Министерство за култура.
Strugaonline

Facebook Коментари