Подгорци ја продолжи традицијата на одржување на Василичарски карневал

- Локални
1400

Жителите на струшко Подгорци и оваа година ја продолжија традицијата на одржување на Василичарскиот карневал.

На 13 јануари во вечерните часови најмладите деца го најавија карневалот со посета на секое домаќинство, децата маскирани пеејќи ги канеа домаќините во име на Василичарското друштво да земаат учество.

На 14 јануари во раните утрински часови василичарите предводени од зетот и невестата (Игор Мариноски невеста и Марјан Гојани зет),  од црквата Свети Никола тргнаа кон главната селска чешма кај Клајнец каде наполнија вода за здравје, а потоа секоја домаќинка полнеше вода од селската чешма која претходно бешее осветенса за домаќинките да месат Кашаник со паричка.

Дефилето под маски започна  од најдолната куќа на селото, одејќи од маало до маало и од куќа до куќа, честитајќи ја Новата година, со бакнување на рака на домаќинот од страна на невестата ,а домаќинот ги даруваше невестата и зетот со пари. Сите други василичари и присутни гости кои ја следа поворката беа почестени со топла ракија и мезе.

Се смета дека подгоречките василичари имаат традиција колку што е старо селото. Подгоречката порака на сите василичари е: „ЗА МНОГУ ГОДИНИ, В ГОДИНА ПОВЕСЕЛИ И ПОРАДОСНИ.

 

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Facebook Коментари