Во Гимназијата ,,Д-р Ибрахим Темо“ ќе се одржи семинар на тема ,,Инклузивно образование на учениците со попреченост во средните училишта”

- Локални
482

Утре во Гимназијата ,, Д-р Ибрахим Темо“ во Струга ќе се одржи семниар на тема ,,Инклузивно образование на учениците со попреченост во средните училишта”.

Професорите од струшката гимназија ќе бидат обучувани од страна на реномирани професори од скопскиот универзитет ,,Св. Кирил и Методиј.“

Станува збор за Проф. д-р Горан Ајдински- доктор по дефектолошки науки, Проф. д-р Ана Фрицханд- доктор по психолошки науки и Проф. д-р Елизабета Томевска Илиевска –доктор по педагошки науки.

,,Семинарот се одржува на ицијатива на нашата Гимназија, затоа што имаме ученици со попреченост на кои што им е потребна квалитетна настава и соодветна инклузија. Станува збор за важна тема во областа на образованието,  јас и мојот тим правиме напори за учениците со попреченост да го добијат соодветниот третман, а за тоа се потребни обуки од стручни лица во чии рамки наставниот кадар во Гимназијата ќе добие јасни насоки за реализирање настава во паралелки каде има ученици со попреченост.“ -изјави за Strugaonline директорката на СОУ ,,Д-р Ибрахим Темо“-Струга, Бесиме Јонузи.

Семинарот ќе се одржи во период од 9:00 до 17:00 часот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари