Полицијата запленети 4.100 пиротехнички средства, приведена жена од Подгорци

- Локални
412

На 28-ми декември 2023 година, во 16:00 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 56-годишна жена од истото село.

– При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари