Полициски службеници од СВР Охрид на угостителите им делат флаери со сите мерки и протоколи за работа

- Локални
604

СВР Охрид, преку одделението за превенција, презема активности за контрола во спроведувањето на мерките и препораките на владата за заштита и превенција од корона вирусот – COVID 19 поврзани со доследно почитување на протоколите за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана.

-Во рамките на овие превентивни активности, на целото подрачје на СВР Охрид, полициски службеници остваруваат редовни контакти со сопствениците и другите одговорни во угостителските објекти заради укажување на неопходноста од целосно спроведување на предвидените безбедносни мерки за заштита од Ковид 19 и успешно менаџирање со објектите под овие околности. Притоа, полициските службеници, на угостителите им делат флаери со целосниот сет мерки од протоколите за работа.-информираат од СВР Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари