Поради асфалтирање денеска и утре е затворен патот Струга-Вишни

- Локални
1044

Meсна заедница-Вишни информира дека се работи на  асфалтирање на патот Струга-Вишни и дека истиот е затворен за сообраќај денеска и утре од 9:00 до 17:00 часот. Од таму додаваат дека за викенд патот ќе биде отворен, а нова информација ќе има за од понеделник во зависност од динамиката со која ќе течат работните активности.

 Rеконструкцијаta на патот за селото Вишни започна на 6-ти јули. Прво беа санирани дупките дупките, а сега се врши асфалтирање. Вкупната инвестиција изнесува 38 милиони денари од програмата за рехабилитација на патишта што ја спроведува ЈП Македонија пат.
Strugaonline

 

Facebook Коментари