Срце од донор утрово почна да чука во градите на 40-годишен скопјанец, нова шанса за живот добиваат уште тројца пациенти

- Македонија
931
За прв пат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.
-Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.-информираа од Министерството за здравство.
Оттаму изразија благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина.
-Благодарност и до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники. На пациентите кои добија органи им посакуваме брзо опоравување.Горди сме на секој нов успех во македонското здравство.-стои во соопштението од МЗ.
Strugaonline

Facebook Коментари