Лев банер Десен банер

Поради голем интерес, претставата ,,Мали vs ГОЛЕМ” повторно ќе се игра во Охрид

Поради зголемениот интерес за театарската претстава,,Мали vs ГОЛЕМ” од детското драмско студио ,,ДрамаКидЗ” при НУЦК Григор Прличев-Охрид, ќе биде повторно изведена пред пошироката публика, во сабота , 22 април 2023 година со почеток во 20.00 часот.
Претставата е во режија на Ирена Стеријовска, драматургијата е дело на  Кристина Тодороска Петреска.  Стручен сорботник е Зоран Левески, а  светло мајстор е Борис Велјаноски. Како ментори се јавуваат: Зоран Пејкоски, Ѓорѓи Ризески, Филип Кипровски, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски.
Карти можат да се набават на билетара по цена од 100 денари.

error: