Поради голем интерес, претставата ,,Сопружници“ повторно пред охридската публика

- Локални
339
Поради зголемениот интерес, претставата ,,Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска повторно на репертоарот на Центар за култура ,,Григор Прличев’-Охрид  во месец март ќе биде изведена во петок (05.03.2021) и сабота (06.03.2021) година со почеток во 19.00 часот, цена 200 денари. Согласно протоколите, со ограничен број на публика .
Играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
,,Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од вторник (02.03.2021) на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 19.00 часот.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
Strugaonline

Facebook Коментари