Поради обилните дождови водата е заматена, да не се користи за пиење
МЈП Проаква Струга ги известува сите корисници на нејзините услуги na територијата на Општина Струга, дека поради обилни врнежи од дожд водата е заматена и не треба да се користи за пиење додека не се сведе на нормала.

„Бараме од сите корисници да го земаат во предвид ова известување и да не ја користат водата за пиење туку само за санитарни и технички потреби се додека не ги известиме за спротивното.“ – велат од МЈП Проаква
Од таму додаваат дека по одржаните средби со претставниците на компанијата МХЕ Хидроцентрали, било договорено дека проблемот ќе биде саниран, како што велат, еднаш засекогаш.
Strugaonline

