Време-Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

- Македонија
43

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на исток. На југоисток ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 22 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот со слаб до умерен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 22 степени.

Извор: УХМР

 

 

Facebook Коментари