Лев банер Десен банер

,,Порака Нова“-Струга слави 40 години постоење, повеќе од 40 лица со попречености се успешно вработени преку посредување на Порака Нова

Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуални попречености и нивните фамилии ,,Порака Нова“-Струга ,денеска одбележува 40 години од постоењето посветено на заедницата и креирање позитивни промени кај маргинализираните групи.

-Од 1984 година па до ден денеск, Порака Нова е во мисија да ги зајакне лицата со попреченост, да ги охрабри младите да се напредуваат професионално и лично, како и да ги поттикне социјалните иновации во општеството. Патот од 40 години го карактеризираат издржливост, посветена работа и безброј инспиративни приказни за трансформација.  Од рушење на бариерите до поттикнување инклузија, сведоци сме на силата што произлегува од единството и различноста на оваа организација.-изјави за Strugaonline Росица Стојковска -Живковска, маркетинг менаџер во ,,Порака нова“.

Со 40 годишното постоење Порака Нова досега организирала повеќе од 1000 настани на локално и интернационално ниво, 10 години успешно е партнер на Лице в Лице во продажбата на списанието, а го имаат и првиот вработен продавач.

-Организацијата има имплементирано повеќе од 150 проекти во партнерство со земји од Азија, Европа и Африка. Услугите досега ги имаат користено повеќе од 1000 лица со попречености, а повеќе од 40 лица со попречености се успешно вработени преку посредување на Порака Нова со општествени одговорни компании.-потенцира Живковска.

Таа додава дека Порака Нова ќе продолжи да ги охрабрува и зајакнува сите, позитивно да влијаат во својата заедница.

-Ајде да продолжиме да иновираме, да промениме нечиј живот на подобро,  да се залагаме за маргинализирани групи и да создаваме свет во кој секој има можност да учествува и блесне – е главната порака на оваа организација.

Strugaonline

error: