Повеќе од 40 милиони денари од новиот буџет на МЖСПП за санација на Колекторски систем во Охрид и Струга

- Локални
310

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференција информира дека буџетот за животна средина за 2023 година изнесува 978 милиони денари.

Нагласи дека парите ќе бидат искористени за вложување во подобра иднина за граѓаните преку изградба на нови пречистителни станици, чиста вода за пиење, решавање на проблемот со отпадот и одржливо управување со природните вредности и биодиверзитетот.

Меѓу другото потенцира дека од буџетот ќе бидат издвоени 40,4 милиони денари, за санација на Колекторски систем за Охрид и Струга.

– За Управување и заштита на водите обезбедени се 203 милиони денари, а за проекти на Министерството со кои ќе им помогнеме на општините во поставување на системи за третман на отпадните води 252 милиони и 120 илјади денари .Од буџетот за капитални инвестиции, за Програмата за води која ја носи Владата на РСМ се наменети 40 милиони денари, а за програмата за фосилни горива се наменети 20 милиони и 840 илјади денари. Како Министерство од буџетот за 2023-та и понатаму одвојуваме средства за санација на Колекторски систем за Охрид и Струга за да се спречи натамошно излевање на фекалии во водите на Охридското Езеро за што се планирани 40,4 милиони денари, а 7,1 милион денари за набавка на резервни делови и одржување на Хидросистемот во Дојранско Езеро, рече Нуредини.

За одржување на државниот мониторинг систем се предвидени средства во висина од 18,4 милиони денари, но тоа се средства од основниот буџет, а најголемиот дел на средставата во оваа област се обезбедени преку два ИПА проекти, од кој еден за имплементација на директивите за воздух за што се обезбедени 1,5 милиони евра и вториот за набавка на опрема за мониторинг станиците што ќе бидат иимплементирани 2023 година.

56 милиони денари од буџетот за следната година се наменети за изработка на Новиот просторен план на Република Македонија, а за одржување на државниот мониторинг систем се предвидени средства во висина од 18,4 милиони денари.

Потенцира дека има видно зголемување на средствата за Програма таза инвестиции во животната средина за 2023 година и ќе биде проектирана кон поддршка на општините.

-Од 98 милиони во 2022г, тие се зголемија на 352.000.000 денари. Од овие средства, 120 милиони се од надоместокот за употреба на биоразградливи кеси, а другите се од надоместокот при регистрација на возила. Овие средства ќе бидат наменети пред се за поддршка на општините за изработка на проектна документација и реализација на капитални инфраструктурни проекти за водоснабдување, одведување и пречистување на отпадни води, како и воспоставување на системите за регионално управување со отпадот и поддршка на примарната селекција на домаќинствата, истакна Нуредини.

Нуредини додаде дека е обезбеден заем од 55 милиони евра од Европска Банка за Обнова и Развој за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, а над 110 милиони евра се обезбедени од европските фондови, односно од ИПА2 програмата.

Извор: OхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари