Пожар во гаража од станбена зграда на ул „Маршал Тито“ во Струга, повредена сопственичката на гаражата

- Локални
539

На 03.01.2023 во 19.05 часот во ОВР Струга било пријавено дека настанал пожар во гаража од станбена зграда на ул.„Маршал Тито“, сопственост на Ј.Ч.(82) од Струга. Притоа, со повреди се здобила Ј.Ч. и била пренесена во Медицински центар Струга за укажување лекарска помош. Од пожарот била зафатена уште една гаража, а делумно била зачадена и фасадата на зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Струга, а увид извршила екипа од ОВР Струга.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари