Пожар во хотелско-сместувачки комплекс во струшкото село Радожда

- Локални
695

На 28-ми февруари 2021 година, околу 13:00 часот во хотелско-сместувачки комплекс во струшкото село Радожда, сопственост на 47-годишниот А.Ш. од истото село, настанал пожар во кој изгорела кровната конструкција и целокупниот инвентар во три хотелски соби од комлексот.

– Во гасењето на пожарот, најнапред интервенирало месното население, а по кратко време и територијалната противпожарна единица од Струга која целосно го изгаснала пожарот и спречила негово натамошно ширење, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

 

Facebook Коментари