Пожар во семејна куќа во Струга, нема повредени

На 17.11.2019 во 03.30 часот во полициската станица Струга било пријавено дека настанал пожар во семејна куќа, сопственост на А.Д. од Струга. Со пожарот била зафатена кровната конструкција, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната против пожарна единица Струга. Поврдени лица нема, а увид извршила екипа од полициската станица Струга.
Извор: СВР Охрид
фото: архива

