Еурофарм Работник со гол во последна секунда славеше над Савехоф

- Спорт
58

Ракометарите на Еурофарм Работник  ја забележаа  втората победа во Лигата на шампионите откако на домашен терен ја совладаа екипата на  Савехоф со 32-31.

Нашите ракометари на полувреме водеа убедливо, со резултат  18-12, сепак, гостите сосема ја стопија оваа предност и на само 7 минути пред крајот на натпреварот израмнија на 27:27. Вистинска драма и неизвесност потоа донесе следното израмнување на 31:31. Еурофарм во последниот напад и во последната секунда преку Радовиќ го доби голот за победа, практично со звукот на сирената.
Најефикасни во тимот на Еурофарм беа Остроушко и Радовиќ со по 6 погодоци.
Strugaonline
фото: rkeurofarmrabotnik.com

Facebook Коментари