Општина Струга ги известува граѓаните дека по извршената ревизија на работата на Одделението за даноци и комунални такси во Општина Струга од страна на правни институции се утврдени сериозни повреди на законот со финансиски импликации над 18 милиони денари.
„Правниот застапник на Општина Струга покрена истрага за финансиска злоупотреба и злоупотреба на службената должност на поранешниот адмнистративен работник, вработен во општина Струга, лицето А.Х. од селото Ливади. Општина Струга веќе ги има поднесено потребните документи и досиеја до Основното Јавно Обвинителство во Струга.“ – стои во соопштението од Општина Струга.
Извор : Општина Струга
фото: архива
Facebook Коментари