МЈП Проаква и Општина Струга работат на значително подобрување на водоводната мрежа во Струга

- Локални
1081

Градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко во соработка со директорот на МЈП „Проаква” г. Јетон Шаќири инвестираат во градската водоводна мрежа.

„Станува збор за проект што ќе се одвива во три фази , вклучувајќи отстранување на азбестните цевки и нивно заменување со нови и пошироки цевки по целата територија на Општина Струга за подобро снабдување со вода за пиење на целото население.
Првата фаза што ќе започне сега е отстранување на азбестната цевка во должина од 3 километри и ширина од Ф100 која се протега по улицата Партизанска, и нејзина замена со нова цевка со ширина од Ф200 со која видно ќе се подобри водоснабдувањето во голем дел на градот.
При завршување на првата фаза следуваат втората и третата фаза на проектот со кои исто така се предвидува да се санираат (отстранат) азбестни цевки во големи должини и нивна замена со цевки во двојна ширина бидејќи тие се стари цевки склони на постојани оштетувања и како што се зголемува бројот на објекти во Општината, така се зголемува и оптоварувањето на водоводната и канализациската мрежа.“-информираат од МЈП „Проаква“
Од претпријатието додаваат дека  ќе продолжат со истото темпо да ги извршуваат сите работи што се во нивна должност и ќе се потрудат заедно со Општина Струга да ги санираат сите проблематични точки во нивна сфера.

Strugaonline

Facebook Коментари