Од денеска официјално е пуштена во употреба апликацијата ,,Prijavi 24“ преку која стружани и граѓаните од околните места ќе можат да пријавуваат локални проблеми, информираат од Општина Струга.

– Преку апликацијата, може да пријавите проблеми поврзани со градот и околните населени места од сите категории, како што се улично осветлување, дупки на патот, објекти склони кон рушење, проблеми од областа на животната средина, уништена урбана опрема, отпад и диви депонии, градби и дивоградби.- стои во соопштението од Општина Струга.

Додаваат дека граѓаните имаат можност да даваат и предлози за подобрување на квалитетот на живот во општината.
Во склоп на пријавата, апликацијата има опција за прикачување фотографии, а пријавувањето на проблем може да биде анонимно или јавно.
Strugaonline
Facebook Коментари