Пожар избувнал во куќа во охридската населба Кошишта, нема повредени

- Локални
77

Пожар ноќеска избувнал во станбена куќа на улицата „Андон Дуков“  во охридската населба Кошишта, пренесе МИА.

Дојавата за пожарот, според информациите, Територијалната противпожарна единица Охрид ја добила ноќеска, 35 минути по полноќ, и веднаш испратила четири противпожарни возила и седум пожарникари.

Навремената интервенција на пожарникарите, како што се наведува, спречила огнот од опожарената куќа да се прошири на останатите објекти во близина.

Во пожарот, освен материјална штета, нема повредени лица.

Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе ги утврдуваат екипи на надлежните институции.

фото: архива

Facebook Коментари