Во рамките на 39. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, утре ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „И(с)згубени“ на охридскиот режисер Антонио Велјаноски.
Велјаноски го напиша и сценариото за македонско-чешкиот филм кој е со должина од 15 минути. Камерата е на Владимир Димоски, а во главните улоги се појавуваат Jan Kačer и Marie Durnová.
Лош ден за Рудолф, осамениот 77-годишен пензиониран лингвист, кого почнува да го следи едно куче од кое не може да се отараси. Оваа средба конечно води до целосна и неочекувана промена во неговиот живот, споделуваат дел од содржината на филмот креаторите.
Премиерата е закажана за 20:15 часот.
Извор: ОхридПрес
фото: архива
Facebook Коментари