Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, на 5-ти,
6-ти и 7-ми мај (петок, сабота и недела), со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде прикажан македонскиот филм „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски. Што се однесува до кратката содржина на овој македонски филм кој Стружани ќе можат да го проследат во кино проекција овој викенд – станува збор за приказна за позната поп пејачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај.
Улогите ги толкувуваат: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир, Андон Јовановски.
Влезот за премиерата во Струга изнесува 100 денари.
Facebook Коментари