По четврти пат во Струга ќе се одбележи денот на реката Дрим

- Локални
1544

На 6 мај по четврти пат во Струга ќе се одбележи Денот на реката Дрим.

Според најавената програма, одбележувањето ќе започне во 9и30 часот кога на Градското пристаниште ќе биде поставен еко-караван со теренски возила кои ќе се упатат кон селото Косел. Во склоп на активностите, ќе бидат одржани и средби со граѓаните на Горно и Долно Лакочереј, Вапила и Косел како и дискусија на тема: „ Добри земјоделски практики за зачувување на сливот на реката Дрим во добра еколошка состојба“. Дел од програма се и едукативни училишни посети со 20 ученици од Струга на станица за пречистување комунални отпадни води. На свечноста ќе се обратат  заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски и  Дејан Пановски, национален координатор на ГЕФ проектот: “Овозможување прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во поширокиот слив од реката Дрим”.

Прогласувањето на Ден на реката Дрим е идеја и одлука на Дрим Кор групата која како симболика ги има петте земји кои го делат Дримскиот басен и суб-басените Преспа, Охрид и Скадар.

Годинава, одбележувањето е ќе се одржи во сите држави во ист ден, на тој начин се испраќа порака  за цврста решеност за обезбедување на заштита на водените ресурси и квалитетно управување со целокупниот слив.

Организатор е Еколошко друштво “Грашница”

Со цел да се создадат механизми и атмосфера за заедничко управување, Глобалниот Еколошки Фонд поддржа заеднички Дримски проект кој преку реализација на компонентите треба да ги постави основите на управувањето.

Денот на реката Дрим за првпат се одбележа на 5 мај 2014 година.

Facebook Коментари