Премиера на театарската претстава „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ вечерва во Вевчани

- Локални
976

Сите љубители на театарската уметност, а посебно децата и младите  вечерва со почеток од 18:00 часот во Домот на културата во Вевчани ќе имаат можност да уживаат во премиера на мултимедијална театарска претстава „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ од Виктор Иго, во режија на Ѓорѓи Ризевски. Премиерата ќе ја одржи Патувачкиот Театар „Поклони се и падни“ кој работи во склоп  на КУД „Дримкол” од Вевчани. Во претставата е направена креативна комбинација на видео анимации, звук и актерска игра се со цел пораката на приказната да допре до децата и младинците на кои им е наменета.

Со претставата „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ која што е дел од Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија,  КУД Дримкол ја завршува реализацијата на планираната програма за оваа 2017-та,  година која меѓудругото е значајна поради одбележувањето на 70-години организиран фолклор во Вевчани.

 

Facebook Коментари