Масовна посетеност на граѓанскиот буџетски форум во Струга – стружани приоритет му даваат на образованието

- Локални
834

Oколу 120 граѓани беа присутни на Буџетскиот форум кој вчера во организација на Центарот на заедницата на општина Струга  се одржа во хотелот Дрим.

На форумот се обрати градоначалникот на Струга,  Г-дин Рамиз Мерко кој истанка дека општината на ваков начин е транспарентна пред граѓаните и отворена за нивните предлози и потреби. На граѓанскиот буџетски форум,  Абедин Нуроски од секторот за финансии при општина Струга информираше дека буџетот за 2017 бил реализиран околу 45% од основниот буџет и речиси 99% од блок дотации. Од овој сектор во 2018 година очекуваат поголема реализација на буџет.

Важноста на овој буџетски форум за стружани  ја потенцираше и Катерина Талеска Скепароска од Центарот на заедницата на Општина Струга, бидејќи како што рече, граѓаните добија отчет за реализцацијата на буџетот од претходната година, а пред нив беше презентиран и нацрт буџетот за следната 2018 година.

Една од целите на граѓанскиот буџетски форум беше граѓаните да даваат свои предлози и идеји за решавање на некои проблеми во Струга. Нова детска градинка, решавање на проблемот со водата за пиење, градење на стационар за кучиња се само дел од желбите на Стружани кои ги слушнаа надлежните.

Како најприоритетна развојна програма која треба да се реализира граѓаните ја изгласаа програмата за образование.

Граѓанскиот буџетски форум се одржа трета година по ред и оваа година имаше најголема посетеност.

Strugaonline

Facebook Коментари