Претрес во Охрид, полицијата пронајде 39 куршуми за ловечка пушка, приведено е едно лице

- Локални
223
На 23.03.2023 во 15.50 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, со наредба од Основен суд Охрид, извршија претрес  во дом и други помошни простории кај А.М.(51) од Охрид. При претресот беа пронајдени и одземени  39 куршуми за ловечка пушка калибар 16 милиметри, кои неовластено ги поседувал.
Со лицето извршен е службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
фото: архива

Facebook Коментари