Претседателката на Индија денес во посета на Охрид
Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.
По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид.
По повод посета на претседателката преземени се засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај.
Од СВР Охрид информираат дека активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите од локалната самоуправа како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти, информираат од СВР Охрид.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта од Охрид кон Св. Наум, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата во централното градско подрачје и во стариот дел на градот, информираат СВР Охрид.
StrugaOnline

